петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 37

Грците против Македонска платформа: „Националистичка и провокативна игра на опасниот Груевски”

Коалицискиот партнер на Груевски предлага усвојување на провокативна платформа од страна на славофоните, која што пред се е против етничките Албанци и која што меѓудругото вклучува суспензија на разговорите за името и клауза за забрана за менување на уставното име, граѓански права за т.н. Македонци во соседните земји, пишува „Етнос“.

етнос

Последни вести

Предлогот за усвојување на Македонска платформа со којашто меѓудругото ќе се гарантира неменување на уставното име, за Грците претставувала провокација и опасна игра на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Грчкиот весник „Етнос” пишува дека предложената платформа, во која што се бараат и граѓански права за Македонците во соседните земји, покажувала дека Никола Груевски станувал “опасен”.

“Опасна и уценувачка националистичка игра претставена како Македонска платформа, која што ги поканува славофоните да се приклучат, го подели и предизвика реакции во Скопје. Коалицискиот партнер на Груевски предлага усвојување на провокативна платформа од страна на славофоните, која што пред се е против етничките Албанци и која што меѓудругото вклучува суспензија на разговорите за името и клауза за забрана за менување на уставното име, граѓански права за т.н. Македонци во соседните земји итн. Никола Груевски, со цел да не ја загуби моќта и за земјата да оди на нови избори, не се двоуми за ништо и станува опасен.”, се вели во текстот на Етнос.

На македонската политичка сцена пак, со слична позиција се јавија од опозицискиот блок. За “Левица”, платформата претставувала ефтина националистичка финта, додека за Бранко Героски, еден од главните новинарски стратези на опозициската СДСМ, Македонската платформа претставувала „националистички и шовинистички обид за крвопролевање во земјата.“

Најчитани вести