Македонија

Национална акција за чистење во сабота

Национална акција за чистење во сабота

Традиционално, и оваа година Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ ќе го реализираат проектот „Македонија без отпад 2015“.

За таа цел во сабота на целата територија на државата ќе се одржи национална акција за чистење на околината од отпадот. Целта е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.

Централниот настан во Скопје ќе се одржи кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.

Проектот се спроведува со поддршка од државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.

Повеќе информации за оваа акција за чистење на околината може да се најдат на веб-страницата www. ajdemacedonia.mk или на општинската веб-страница, а граѓаните доколку забележат неовластено складирање на отпад може да се јават на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.