УЧК ја презеде одговорноста за нападот на Владата

УЧК ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на зградата на Владата на Република Македонија што се случи на 28 октомври. Ова се наведува во коминикето испратено до телевизијата Алсат-М и потпишано од извесен Куштрим.

Во соопштението под број 3 се вели:

-Вечерта на 28 октомври, од 20:30 часот до 21:00 специјалните единици „Хасан Приштина“ кординирано ја нападнаа зградата на Владата, Судот и во фокусот беше напад врз една полициска станица во Скопје. Нападот врз ПС во Скопје не се случи од причина да не дојде до човечки жртви, се вели во соопштението на УЧК потпишано од страна на Куштрими.

Исто така од овој човек е испратена уште една политичка изјава каде се вели: Охридскиот договор не се реализира. Тој е толку влошен што неможе полошо и да биде.  Одолговлекувањето за негово исполнување, пристапот на шовинистичката влада кон Албанците, македонскиот терор на шовенистичката влада допира дури до албанските фамилии, секаде и кога сака, на улици и по училишта. Монтирани случаи, групи хулигани организирани од државни инститиуции, малтретираат фамилии, населби и албански деца. Албанците денеска во Македонија ја живеат ноќта на мразот. Ја повикуваме меѓународната заедница, албанскиот политички фактор особено оние во Владата да ја видат бедната ситуација на Албанците во Македонија. Шовенистичката влада на Македонија секојдневно  се стреми полека полека кон Русија по урнекот на Србија. Албанците не го сакаат ова. Евроатланските интеграции водат кон просперитет. Ние сакаме како што  ја делиме заедничката судбина да делиме исти можности и слободи, се вели во пишаната политичка изјава на УЧК.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.