Национална програма за Македонија

Конгресот на СДСМ веќе по којзнае кој пат ја покажа разликата меѓу партиска и национална програма. Кога една партија е национално одговорна таа се фокусира врз клучните прашања на народот и државата. Во таков случај интересите на партијата се поклопуваат не само со тие на партиската елита или партиското членство, туку на целиот народ.

Во периодот 1941-1944 година КПМ доби поддршка од поголемиот дел од македонскиот народ заради што нејзините интереси ги поврза со борбата за национално и социјално ослободување кое го бараше народот. Денес состојбата во Македонија е исто толку драматична, само што борбата е за опстојување на македонската држава и македонскиот народ со неговото име (идентитет).

Со два збора секоја македонска партија, која бара власт, мора да ги стави во центарот на својата програма овие клучни прашања. Прво, затоа што сме исправени пред хамлетовската идеја да бидеме или да не бидеме. Второ, затоа што самиот народ ќе даде поддршка на тие кои ќе го однесат до биднина, а не до небиднина.

Во партиската програма на СДСМ нема ништо од клучните национални прашања. Има ветувања за воведување на рамен данок, за државна поддршка на претпријатијата, за субвенции во земјоделието, за ефтина струја, за нов образовен концепт, за еколошка инфраструктура и справување со загадувањето и т.н. Тоа се економски и социјални проблеми. Само што сите тие паѓаат во вода ако немаш држава. А, СДСМ активно работи да не постои македонска држава со поддржување на албанските претензии, позади кои стојат (ги концепираат и охрабруваат) САД, ЕУ и македонските соседи.

Ако не постои македонска држава на територијата на Македонија ќе продолжи да има претпријатија, земјоделие… заради тоа што ќе продолжат да живеат луѓе Македонци (иако со друга национална определба), како во времето на бугарската и српската окупација и како што е денес во Пиринска и во Егејска Македонија. Само што тогаш и за СДСМ нема да има место, а уште помалку власт.

Прв критериум дали една партија заслужува да постои е…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.