Национална програма за Македонија

Прв критериум дали една партија заслужува да постои е нејзината програма. Да не одиме подалеку, видете ги програмите на релевантните партии во Европа. Во нив централно место има национално државна доктрина и таа е иста за сите. Уште понагласено е тоа во соседните земји. Грција и Бугарија имаат такви доктрини и тие не се менуваат веќе две столетија откако постојат нивните држави. Независно што се менувала формата на управување, а во Бугарија неколку пати и општествениот систем. Независно што се создавале и згаснувале партии. Секоја новосоздадена партија прво ја прифаќа како свој амблем национално државната доктрина, а потоа следи се’ друго – социјални, економски, културно-просветни и т.н. барања. Преку тие барања партиите се борат за власт, а националните доктрини се константни.

Кај македонските партии програмите се турлитава од ветувања без хиерархија на вредности кое е прво, кое е второ, кое е трето и т.н.. Досегашните програми и на ВМРО-ДПМНЕ се пред се’ економски, социјални , културни. Нема зошто да се чудиме дека и во својот апологеј таа немаше повеќе од 35% од гласачите, а во исто време за зачувување на македонското име (идентитет) се дупло поголем број граѓани. Горниот процент беше доволен партијата да ја држи власта но при услов Република Македонија да беше една од многуте безбедни европски земји на кои никој не им ги оспорува ниту името, ниту јазикот, ниту идентитетот. Тогаш со 30-35% можеш да управуваш и 30 години. Но, кога обрачот околу нас секојдневно се стега потребен е радикален пресврт.

ПАРТИСКАТА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА.

Зошто го барам тоа од ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што освен таа и СДСМ практично други македонски партии не постојат. Постојат сателити на тие две партии, како и други маргиналци со паушални програми. СДСМ (барем нејзиниот врв) дејствува како антимакедонска и антидржавна партија.

Затоа прашањето е едноставно: ДАЛИ Е ВО СОСТОЈБА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СО НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА?

Зборувам за раководството затоа што добро знам дека  голем дел од членството националната повелба ја носи во себе и е спремно истата да ја реализира.

Мора секој македонски граѓанин кој си ја сака татковината да свати дека денешната борба не е партиска, не е меѓу ВМРО и СДСМ. Независно што партиите така ја најавуваат. Тоа им одговара на СДСМ, ДУИ и ДПА, а ВМРО ја прифаќа нивната игра. Преку наводно партиска борба ДУИ и ДПА практично ја уриваат државата, а СДСМ е видливата алатка на тоа уривање. Владеачката партија се плаши да каже отворено за ѕидот до кој е исправена државата (како што се плаши да ги каже и нарачателите на прислушувањето).

ЗАШТО ВИСТИНСКИОТ ПРОТИВНИК НЕ Е СДСМ НИТУ СОРОС И ОСТАНАТИТЕ САТЕЛИТИ. ВИСТИНСКИОТ НЕПРИЈАТЕЛ Е САД, ЕУ И МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ.

Ако непријатели беа само Заев и соросоидите, првиот одамна ќе беше во затвор, а соросовиот октопод истеран од Македонија. Значи попуштањето кое го гледаме секојдневно не е пред килавата опозиција туку пред старнските фактори кои ја поддржуваат.

Барањето за избори од СДСМ беше резервна варијанта откако не успеа обидот за пуч, т.е. доброволно повлекување на ВМРО од власта. Изборите имаат за цел наводно демократски да го направат тоа што беше задача на пучот. Сега, на Конгресот, Заев кажа дека ако не се исполнат неговите услови нема да има избори. А условите практично се не само повлекување на Груевски туку и на ВМРО-ДПМНЕ. Досега власта попушта со мислата дека изборите ќе…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.