Националната гарда се повлекува од Фергусон

Гувернерот на Мисури заповеда да се повлече Националната гарда од Фергусон каде ситуацијата постепено се смирува по насилните протести последните неколку дена поради убиството на невооружениот афроамерикански тинејџер.

Во текот на ноќта биле забележани најмирните протести во малото предградие на Сент Луис од избивањето на нередите поради убиството н 18 годишниот Мајкл Браун на 9 август. Браун беше убиен од страна на белиот полицаец Дарен Вилсон.

Полицијата за време на протестите користела солзавед и тешки оклопни возила, а на помош била повикана и Националната гарда.

Во текот на ноќта уапсени се 6 лица, многу помалку отколку претходната ноќ, објавува полицијата.