четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 63

Национален сојуз на слепите: Се соочуваме со невиден притисок од Ременски

Веќе еднаш од страна на техничката министерка се соочивме со огромен притисок и контрола во месец мај оваа година, но сега повторно пред избори техничката министерка формира противзаконски комисија се со цел притисок и заплашуавње на членството, а се со цел подобар резултат за СДСМ на изборите, се вели во соопштението на НССРМ.

700-640x360

Последни вести

Техничката министерка прекршувајќи го Пржинскиот договор и  Законот за Влада на РМ член 45, 46 и 47 своеволно, сама без консултација со дополнителниот заменик министер Диме Спасов и без негов потпис формира Комисија за спроведување надзор над законитоста на работењето на НССРМ, реагираат сојузот.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално  соопштението од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија:

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува непартиска, непрофтина, доброволна, организација од посебно општествено значење, национална инвалидска организација.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица во кои членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата претставува единствен легитимен претставник  на оваа категорија на граѓани.

НССРМ се соочува со невиден системски притсиок од страна на техничката министерка за труд и социјална политика на РМ Д-р.Фросина Ташевска-Ременски.

Имено техничката министерка прекршувајќи го Пржинскиот договор и   Законот за Влада на РМ член 45, 46 и 47 своеволно, сама без консултација со дополнителниот заменик министер Диме Спасов и без негов потпис формира Комисија за спроведување надзор над законитоста на работењето на НССРМ.

Имено, Веќе еднаш од страна на техничката министерка се соочивме со огромен притисок и контрола во месец мај оваа година, но сега повторно пред избори техничката министерка формира противзаконски комисија се со цел притисок и заплашуавње на членството, а се со цел подобар резултат за СДСМ на изборите.

Комисијата против законски веќе еднаш пред 10 дена дојде во просториите на НССРМ каде им беа дадени сите барани документи.

Но истата Комисија со директен притисок, ненајавени, не земајќи ги во предвид огромните активности на НССРМ и сензуалноста за која категорија на граѓани се организираат активности ненајавена дојде во посета на НССРМ со цел да изврши притисок врз претставниците на НССРМ.

Техничката министерка формира комисија за надзор над законитоста на финансовото работење на НССРМ,  за 2015 и 2016 година, втор пат оваа година, а истата бара и други програмски, архивски документи, како и документи кои се лични досиеја на членовите на НССРМ за што согласно Законот за заштита на лични податоци не смееме да ги дадеме.

Имено во Комисијата име нестручни лица кои не се од областа на економијата туку се социјални работници, па оттука не чуди стручноста на еден социјален работник во областа на финансовото работење и сметководството.

Согласно решение на техничката министерка назначени се Јована Тренчевска шеф на кабинет, Слободанка Лазова Здравковска кабинетски службеник, Валдета Вукељ, советник и Зоран Вучев како раководител на одделение,  но очигледно и потписот на техничката министерка не значи ништо па во контрола доаѓаат Слободанка Лазова Здравковска, Зоран Вучев и и двајца службеници за кои немаме добиено овластување Јасмина Јовановска и Мирјана Алексовска, но повторно напоменуваме дека овластувањата се противправни и непроизведуваат правно дејство бидејќи немаат потпис од дополнителниот заменик министер.

Со ова сакаме уште еднаш да потенцираме дека НССРМ е непартиска организација и дека секакво мешање во внатрешните односи на НССРМ го сметаме како најгруб упад во работењето на НССРМ и директен притисок и атак врз членството на НССРМ со цел агитирање за гласање пред избори во корист на СДСМ.

Најчитани вести