Нацисти бомбардирале сопствени градови, па ги овинувале сојузничките сили

Илјадници Германци починале од рацете на сопствениот лидер во периодот од 1944. до 1945. година, а нацистите за тоа ги обвиниле сојузничките сили, пишуваат британските медиуми.

Строго доверливите документи, кои покажале дека нацистите убиле илјадници германски граѓани бомбардирајќи свои градови со ракети V-2, со цел да вежбаат на своето стрелање, бил обелоденет, пренесува британски Daily mail.

hitler1

Весникот наведува дека документите нудат доказ дека Адолф Хитлер ги користел своите градови за да го тестира дострелот на балистичките ракети и обемот на штета кој можат да го нанесат.

Тоа значи дека илјадници Германци настрадале од рацете на сопствениот лидер во периодот од 1944. до 1945. година, а нацистите за тоа ги обвиниле сојузничките сили, наведува весникот.

hitler2

Ракетите V-2 во текот на Втората светска војна биле стрелани во Лондон и на југоистокот на Англија, како и на цели во Европа, а од нив загинале повеќе од 7.000 луѓе.

hitler3

hitler4

hitler-bombardiral-svoi-gradovi-07

Според британскиот весник, тајниот документ се наоѓа во посед на еден германски колекционер.