Нацистот кој го барале германските власти починал во САД

Поранешниот нацист Иван Калимон осомничен за учество во убиство на најмалку 40.000 луѓе, воглавном евреи, починал во 93-тата година од животот во Америка.

Против Калимон германското обвинителство во 2010 година отворило истрага заради сомневање дека како припадник на нацистичките сили бил вмешан во убиство на најмалку 40.000 луѓе во 1942 година и во февруари издало налог за негово апсење, се наведува во соопштението на обвинителството.

Калимон, кој е по потекло Украинец, после Втората светска војна добил американско државјанство, а во Америка бил познат како Џон Калимон со живеалиште во Мичиген, пренесува Ројтерс.

Американските власти планирале да го депортираат во Германија во април оваа година, но обвинителството во Минхен известено во март дека тој не може да патува заради болест.

Германските власти вчера се известени дека Калиман починал.