Над 1.000 бегалци спасени кај егејските острови

Најмалку илјада бегалци биле спасени кај брегот на источните егејски острови за само еден ден од страна на грчката крајбрежна стража.

Во 31 операција на потрага и спасување, од понеделникот наутро до вторник изутрина, кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Фармаконикиси, Кос и Мегист, се спасени 1.192 лица.

Во оваа бројка не се вклучени бегалци и мигранти кои секојдневно од Турција сами пристигнуваат до грчките острови, пренесува Танјуг.

Меркел: Не обвинувајте ја Германија за сириските бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел побара нејзината земја да не се обвинува за бранот сириски бегалци кои што се обидуваат да дојдат до Германија.

PX*3470315Меркел изјавата ја даде откако стотици бегалци беа блокирани на главната железничка станица во Будимпешта од каде што по неколку часовни протести продолжиле кон Германија како главна европска дестинација.

Претходно, унгарската влада ја пофали владата во Берлин за пофлексибилен однос кон сириските бегалци. Германската влада им сугерира на европските претставници да не ги враќаат сириските бегалци назад во првата земја каде што стапнале во ЕУ како што налагаат правилата на унијата.

Меркел денеска изјави дека „Сиријците имаат големи шанси да добијат азил што не би требало да биде изненадување ако се имаат предвид европските правила“, но таа порача дека на ист начин со бегалците треба да постапуваат сите европски земји, а не само Германија.

– Јасно дека сегашните правила не се практикуваат, изјави Меркел, според која одговор на новите миграциски предизвици е заедничка европска политика за азил со „фер дистрибуција“ на бегалците кај сите 28 членки на ЕУ.

Официјален Берлин очекува до крајот на годинава да згрижи над 800 илјади потенцијални азиланти од Блискиот исток, Африка и јужна Европа.

 

 

Македонското Министерство за внатрешни работи само во текот на изминатите 24 часа издало 814 потврди на бегалци за укажана можност за остварување на правото на барање азил во земјава. Досега вкупно 49  мигранти го оствариле своето право и побарале азил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.