Над 1.100 имигранти спасени во Италија

Италијанските поморски сили соопштија дека спасиле во Средоземното Море над 1.100 имигранти, кои се обидуваат на девет големи сплавови да стигнат до Сицилија.

Патролни хеликоптери вчера ги забележале пренатрупаните сплавови, а потоа четири бродови се приклучиле кон спасувањето на имигрантите, пренесува „Ројтерс“. Се’ уште нема податоци за националноста на бегалците.

Минатата есен над 560 лица се удавија во два инцидента на патот кон италијанските брегови.

Италия спаси в морето над 1100 имигранти на салове

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.