Над 1.000 пријавени за професионални војници во АРМ

Над 1.000 граѓани се пријавиле на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, покажуваат податоците од подрачните единици на Министерството за одбрана.

Во рамки на пријавените има граѓани од повеќе етнички заедници, но што е исто исклучително значајно има и припаднички на понежниот пол.

Во следните денови Министерството за одбрана врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите согласно Огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни тестови и здравствени и физички проверки.

Од Министерството за одбрана велат дека се задоволни со бројот на пријавени граѓани и очекуваат по процесот на селекција во служба на АРМ да се вработат најдобрите кандидати. За Министерството и за АРМ најважно е професионалните војници кои ќе бидат примени да поседуваат високи психофизички способности и високи морални и етички стандарди како и да бидат исклучително мотивирани да и служат на Република Македонија.