ТОП,Македонија

Над 1.200 млади вработени преку обуките на „YES“ проектот

Над 1.200 млади вработени преку обуките на „YES“ проектот

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на завршниот настан од реализацијата на проектот „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување“. Спасов проектот го оцени како повеќе од успешен и крајно корисен за македонските граѓани.

Како Влада на Република Македонија доследно сме посветени на зголемувањето на вработеноста и отворањето на нови работни места особено кај младите лица. Овој проект беше силна поддршка на нашите заложби и можам да кажам дека започна со реализација во вистинско време. Проектот ја опфати Агенцијата за вработување која како институција е клучна во спроведување на владините политики за вработување, односно приближување на мерките и услугите до невработените лица. За тоа е потребно е да се јакнат капацитетите на вработените но и вештините на младите невработените лица а тоа беше овозможено преку обуките кои се спроведоа во рамки на овој проект за 80 вработени од 30-те центри за вработување за Програмата за развој на т.н”меки вештини” (Програма за потготовка за вработување и работа) како и Програмата “Учење преку работа” наменета за невработените лица, рече министерот.

диме

Напомена дека овие 80 вработени од Агенцијата за вработување имаат обучено повеќе од 4.436 млади луѓе од кои 1.200 се веќе вработени што претставува импонзантна бројка. Инаку, како што рече, овие обуки ги имаат поминато и 40 млади луѓе со попреченост во инклузивни групи.

Но, младите невработени лица имаат потреба од постојано насочување и откривање на сопствените можности  и на тој начин да стигнат до вработување. Овој проект ја овозможи Програмата за кариерно советување „Планирање на кариера“ при што  обучени се 66 вработени од Центрите за вработување и да им помогнат на младите невработени во изборот на нивната идна кариера. Благодарение на оваа Програма  повеќе од 2.500 млади веќе поминаа низ процес на кариерно советување и токму поради одличните резултати заедно со програмата за „Потготовка за вработување и работа“ стана дел од Оперативните планови на активните мерки и политики за намалување на невработеноста за 2015 и за 2016 година за коишто верувам дека ќе продолжат со реализација и во  наредните години, рече министерот.

Тој напомена дека посебно радува фактот што преку програмите кои беа дел од овој проект заедно со мерките за вработување кои се реализираат со подршка на Европската Унија, УНДП, УСАИД и со средства кои ги одвојува Република Македонија како и посветеноста во делот на реализација на проекти за отворање на нови работни места допринесоа за голем пад на невработеноста која до пред десеттина години изнесуваше 38% а кон крајот на 2015-та изнесува 24,6%.

диме1

Ова е наш заеднички успех и во иднина ќе продолжиме да се справуваме со предизвиците и да реализираме заеднички проекти за граѓаните на Република Македонија, рече тој.

Покрај министерот Спасов, свое обраќање на завршниот настан имаа и претставникот на Центарот за развој на образование, Ерик Батлер, директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стејн и министерот за образование и наука при Владата на Република Македонија, Пиштар Љутвиу.

диме3