Над 1.300 сточари добија 210,9 милиони денари субвенции

 

Министерството за финансии исплати 210,9 милиони денари субвенции на 1.316 сточари за одгледување овци.

Финансиската поддршка за одгледување овци изнесува 1.000 денари по грло.

Исплатени се субвенции на сточари кои одгледуваат овци низ цела територија на Македонија.

Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.