Над 1,4 милијарда евра инвестиции и 2.500 вработувања во рударството

Инвестиции од над 1,4 милијарди евра и околу 2.500 нови работни места во рударството најави денеска Владимир Пешевски.

Тој рече дека рударството ќе биде област на која ќе и’ се посвети поголемо внимание во следниот период.

„Владата во изминатиот период додели над 200 нови концесии и тоа е област на која ќе посветиме уште поголемо внимание во следниот период бидејќи сметаме дека изминатите години овој сектор беше ставен на страна“, изјави Пешевски при посетата на каменоломот на Гранит, пренесе МИА.

Според него, многу е важно секој сегмент од економијата да биде максимално вклучен за да има забрзан економски развој во државата.

За време на средбите во двата каменолома, Пешевски разговараше и за проблемите со кои се соочуваат компаниите кои ги експлоатираат рудниците.