Над 10.000 бегалци не можат да ја напуштат Србија

Над 10.000 бегалци не можат да ја напуштат Србија
Над 10.000 бегалци не можат да ја напуштат Србија

Над 10.000 мигранти се наоѓаат во моментот во Србија и не можат да продолжат кон западна Европа поради ограничувања воведени од Запдна Европа, соопшти денеска УНХЦР.

-Може само да кажеме дека има над 10.000 бегалци во Србија, изјави Мелита Шуниќ, портпарол на УНХЦР.

-Тоа е огромна бројка од луѓе и ако не се спречи приливот ќе има поплави насекаде. Тоа е она што се случува сега. Има недостиг од храна, облека, речиси се, изјави таа по телефон за западни медиуми од српско-хрватската граница.