Над 10.000 граѓани го посетија Саемот за Вработување во Штип

Агенцијата за Вработување на Република Македонија го организираше и третиот Саем за Вработување како дел од караванот низ градовите во државата. На саемот кој се оддржа во Безистенот во Штип, се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.

Голема заинтересираност имаше од двете страни каде и компаниите учеснички и барателите на работа, најдоа заедничка можност да се здобијат со корисни информации за понудата и побарувачката на пазарот за труд. Модерниот начин на комуникација придонесе и претставниците на компаниите како и посетителите, активно да се вклучат во новиот начин на регрутација на талентирани кадри.

– Упорноста и трудот секогаш носат успех, а третиот Саем за Вработување во Штип е потврда за нашиот труд и упорност на граѓаните да им понудиме можност и шанса за вработување, каде на модерен и лесен начин можат да ја пронајдат својата идна професија, да го збогатат своето резиме, а воедно и да се запознаат и тие и компаниите со понудата и побарувачката на пазарот за труд. Доказ за истата упорност и труд од страна на граѓаните е и големата посетеност на денешниот саем каде околу 10.000 посетители ги посетија штандовите на компаниите учеснички од кои најбројни беа од производствената индустрија. Овој позитивен тренд очекуваме експоненцијално да се зголемува и во другите градови каде што ќе се оддржат следните саеми за вработување  – изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија

saem_stip (2)

На саемот покрај Поповски, се обратија и градоначалникот на Штип Илчо Захариев и Лазо Димчов, раководител на Центарот за Вработување во Штип.

Караванот на саеми за вработување ќе продолжи и понатаму низ другите делови од Република Македонија, каде и граѓаните од другите населени места ќе ја имаат истата можност како и другите до сега, да се здобијат со нови можности за пронаоѓање на посакуваното работно место.

– Како млад активен барател на работа со завршено образование, среќна сум што го имам Саемот за вработување како опција да се запознаам повеќе за сопствените можности за градење на мојата кариера и збогатување на искуството. Го поздравувам и новиот модерен пристап на комуникација на компаниите со граѓаните, како и електронскиот начин на испраќање на резимеа на порталот http://kariera.mk/. Се заштедува време, а воедно од голема корист е за еден активен барател, да има начин и место каде може да ги дознае информациите за бараните квалификации кои се потребни за добивање на посакуваната идна работа. Мислам дека караванот на саеми низ земјата дефинитивно го олеснува регрутирањето на потребни и квалификувани кадри – изјави Марија, дипломиран економист од Штип.

saem_stip (1)

И третиот саем, како и претходните два, беше организиран од Агенцијата за Вработување на Република Македонија, а во состав на истиот се оддржа и Панел Дискусија за Работодавачи како и Инфо Средба за Млади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.