Над 10.000 украински војници дезертирале

Украинското воено обвинителство покрена истрага за дезертацијата на повеќе од 10.000 војници, изјави главниот воен обвинител Анатолиј Матиос, пренесе ТАСС.

– Воените обвинители истражуваат 5.870 кривични дела кои се извршени од страна на 16.598 припадници на војската, од кои 1.648 се обвинети за неизвршување на наредбите, изјавил Матиос.

Според неговата изјава, 3.200 војници се обвинети за неодобрено напуштање на единиците, 10.266 за дезертација, меѓу кои 5.000 војници кои дезертирале, но останале на територијата на Крим. Главниот украински воен обвинител изјавил дека против 1.468 војници е покренато обвинение за избегавање на воената служба на други начини.

фото: Reuters