Над 10 илјади повици на телефонската линија Ало докторе

Вкупно 10.303  повици  на телефонската линија Ало докторе, откако започна да функционира оваа програма.

Во  изминативе два дена имаше 355 јавувања.

Дваесет и двајца  доктори се достапни за здравствен совет, а јавувањата се од граѓани од  сите градови на  Македонија .

На сите лица кои се јавија на телефонската линија  Ало докторе!, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата се за медицинска помош  со најразлична  симптоматологија ,кардиоваскуларни и респираторни симптоми, граѓани кои бараат психијатриски совет,  проблеми со покачена телесна температура, кашлица , настинки  и симптомна болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен  совет директорите на јавните здравствени установи.

Денес  од 18 до 22 часот ќе биде  дежурен др.Милан Ристевски,  директор на Институтот за радиотерапија и онкологија, а утре на 21.11.2014 година др.Славица Шубеска Страткова од Клиниката за ендокринологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.