Свет

Над 100 деца убиени во Централноафриканската Република

Над 100 деца убиени во Централноафриканската Република

Фондот на Обединетите на ции за деца (УНИЦЕФ) го осуди суровото злосторство над децата во Централноафриканската Република (ЦАР) изразувајќи разочараност поради неказнување на одговорните лица за тие дела.

„Во последните неколку недели забележано е огромно насилство врз децата во судирите на поранешните борци и бунтовниците, кои се претежно од христијанска вероисповед. Децата се’ почесто се цел на напади поради религиски и други видови на заедници на кои што им припаѓаат“, се наведува во соопштението на одделението на УНИЦЕФ за Африка.

Оттаму сметаат дека „иднина не може да има земја во која не се казнуваат злосторствата над децата“.

„Најмалку 133 деца се убиени или тешко повредени во етничко- верските судири, кои што се интензивираа во последните два месеци“, се наведува во соопштението.