Над 100 милиони евра годишно владина поддршка за домашните фирми

Преку МБПР на домашните компании на располагање им се повеќе кредитни линии во висина од околу 50 милиони евра годишно со субвенционирана каматна стапка за купување на опрема и машини.

МБПР нуди и осигурување на кредити за подготовка на извоз, осигурување на македонски инвестиции во странство, издавање на тендерска гаранција за градежни компании кои градат во странство, осигурување на извоз на капитални добра, осигурување на кредити на купувачи од странство на македонски производи. Исто така МБПР има пакет кредитни линии за финансирање на изградба на градинки и пензионерски домови, како и пакет за финансирање на купување и адаптација на мали сместувачки капацитети до 50 легла.

Преку МБПР на фирмите им стои на располагање и Земјоделскиот кредитен фонд во износ од 8,5 милиони евра со најповолни каматни стапки од 4 отсто за примарно земјоделство и 5 отсто за преработувачка индустрија и трговија.

Исто така, преку МБПР достапни се и други поволни кредитни линии за земјоделството со ниски фиксни каматни стапки од само 3 отсто.

Преку Фондот за иновации и технолошки развој, кој беше формиран минатата година на фирмите им се нудат 4 финансиски инструменти: грантови за старт-ап, спин оф компании и иновации до 30.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновацијата во износ до 100.000 евра, грантови за трансфер на технологија во износ до 200.000 евра и поддршка за формирање на акцелератори до 500.000 евра. Годинава Фондот располага со 2,5 милиони евра, а на првиот јавен повик, пријавени се 78 фирми.

Програми за самовработување на АВРМ

Преку програмите…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.