Над 100 откази во „Туркиш ерлајнс“ по обидот за пуч

Во рамки на справувањето со приврзаниците на обидот за воен удар турската државна авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“отпушти над сто вработени.

Смените во „Туркиш Ерлајнс“ беа извршени синоќа откако беше утврдено дека дел од вработените биле поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, објавија турските медиуми.

Претставник на „Туркиш Ерлајнс“ одби да ги коментира медиумски наводи.

Во одредени турски медиуми се наведува дека смените во турската авиокомпанија се поради „неефикасноста“.