Македонија

Над 100 пензионери од Дебар и Центар Жупа поднеле барања за бесплатна бања

Над 100 пензионери од Дебар и Центар Жупа поднеле барања за бесплатна бања

За десеттина дена од објавувањето на огласот за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен викенд, до Единицата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар, барање поднеле 135 корисници на пензии од општините Дебар и центар Жупа, пренесе МИА.

– Кај пензионерите од двете оштини постои голем интерес за користење на оваа поволност што ја дава Владата. Пензионерите имаат можност на една апликација да поднесат барање за двете понудени услуги, при тоа да наведат што конкретно бараат. Од досега доставените аликации, поголем е интересот за бесплатна бањско-климатска рекреација или 90 отсто од апликациите, изјави Или Муладаути од Дебарската единица.

Тој истакнува дека се добро организирани и оти пензионерите не мора да чекаат подолго, туку веднаш им се дава потребата услуга.

Според него, до крајот на предвидениот рок за пријавување, 15 февруари, се очекува бројот да биде многу поголем, споредено со минатогодишниот.

Од двете општини лани аплицирале 270 пензионери, а ова право го искористиле 45 пензионери, додека во измините четири години откога почна реализацијата на проектот, вкупно околу 200 пенизонери.