понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Над 100 загинати во напади во Сирија, ИД одговорна

Најмалку 100 лица се убиени во неколку експлозии во крајбрежни сириски градови, каде се упориштата на силите лојални на претседателот Башар ал Асад, јави Би-Би-Си, пренесе МИА.

1sirija-640x294

Поврзани вести

Нападите се извршени во градот Taртус, каде загинале 48 лица и во Jaблeх, каде се убиени 53 лица соопшти Сирискиот центар за човекови права со седиште во Велика Британија.

Градовите се нападнати со седум, речиси симултани експлозии.

Државните медиуми објавија дека и автобуски станици и болница се меѓу целите на нападите.

Сириската државна телевизија јави дека нападот врз автобуската станица во Тартус е извршен од најмалку еден бомбаш-самоубиец со помош на автомобил-бомба.

Државната новинска агенција „Сана“ соопшти дека влезот на другата автобуска станица, онаа во Jaблех, бил цел на ракетен напад.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во соопштение објавено на Интернет, наведувајќи дека цел на нападите биле Алавитите, малцинство на кое и Асад му припаѓа.

Најчитани вести