Над 1000 повици за седум дена на „Ало докторе“

Вкупно 1064 граѓани во текот на минатата недела се обратиле на телефонските броеви на Ало докторе со цел да побараат медицинска помош. Линијата која е достапна 24 часа на ден, има за цел да овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појави на било какви симптоми на нарушено здравје.

За медицинска помош, достапни се вкупнно 21 доктор, а јавувањата се од граѓани од сите делови на државата.

Во кол центарот Ало докторе, секој ден од 18-22 часот се достапни докторите на Јавните здравствени установи кои стојат на располагање за медицински совет.

Од 15.септември кога е отворена линијата, до сега се јавиле 30.660 граѓани кои најчесто побарале совет во врска со грип, респираторни проблем, покачена телесна температура и други видови на болка.