Магазин

Над 11.000 луѓе веќе се подготвени за EXIT 2014!

Над 11.000 луѓе веќе се подготвени за EXIT 2014!

ЕГЗИТ Авантурата постави нови рекорди! Два дена пред истекот на промотивната продажба, влезници за фестивалот веќе обезбедија повеќе од 11.000 луѓе, што е историски максимум на ЕГЗИТ фестивалот во продажбата во првиот промотивен период, и зголемување од над 100 otsto во однос на истиот период претходните години! Интересирањето за ЕГЗИТ 2014 е исклучително големо во целиот свет, а покрај домашните љубители на фестивалот, предводат фановите од земјите во регионот и од Западна Европа.

Петнаесеттото издание на ЕГЗИТ фестивал е во знак на ЕГЗИТ АВАНТУРАТА која носи неверојатна новост  седум дена летна забава на два фестивала во две држави.

Еден од најдобрите европски фестивали ЕГЗИТ, ќе се одржи од 10. до 13. јули 2014 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, а потоа следува и СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ (Sea Dance Festival) кој од 15. до 17. јули по прв пат ќе се одржи на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.