недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Над 130.00 бегалци кои пристигнале во Германија исчезнале

Над 130.00 бегалци кои пристигнале во Германија во последните 14 месеци исчезнале, пишува „Дејли Експрес“.

minhen-begalci

Поврзани вести

Над 130.00 бегалци кои пристигнале во Германија во последните 14 месеци исчезнале, пишува „Дејли Експрес“.

Германската влада ја призна оваа шокантна статистика, која претставува 13 отсто од мигрантите што пристигнале во Германија од почетокот на 2014, во одговор на прашањето поставено во Бундестагот од страна на левичарската партија.

Тоа значи дека сега Германија треба да истражува дали тие побарале регистрација во другите земји  или исчезнале во подземјето. Бројките се пресметани врз основа на местата за сместување во земјата што биле алоцирани, но не биле пополнети. Овие информации доаѓаат во исто време кога германската канцеларка Ангела Меркел е на удар поради нејзината политика на отворени врати, поради која над милион мигранти пристигнаа во Германија само во 2015-тата.

Шефот на канцеларијата за миграција во Германија, Франк Јирген Вајзе исто така признава дека во моментов има околу 400.000 лица во земјата чијшто идентитет сеуште е непознат за властите.

Берлин исто така вели дека ужива во малиуот успех додека ги враќа мигрантите во другите земји на ЕУ што се одговорни за состојбите – односно првите безбедни земји на ЕУ каде пристигнале по бегството од нивните таковини.

Согласно новата легислатива во Германија ќе се забрзаат процедурите за азил и ќе биде олеснета депортацијата на мигрантите што биле одбиени, а некои азилобаратели ќе мора да чекаат најмалку две години пред да поднесат барање членовите на нивното семејство да им се придружат во Германија.

Најчитани вести