Над 15 лица приведени поради кражба на идентитетот на братот на српскиот премиер

Повеќе од 15 лица се приведени утринава во неколку градови во Србија во рамки на истрагата за кражба на идентитетот на Андреј Вучиќ, брат на српскиот премиер Александар Вучиќ, дознава Танјуг.

Осомничените моментно се наоѓаат на сослушување.

Станува збор за истрага на случајот во кој лична карта содатоци на Андреј Вучиќ е користена за регистрирање на фантомското претпријатие „Асомакум“.

Прашањето за работата на ова претпријатие е покренато минатата есен во Парламентот на Србија, од страна на пратеникот на НС, Зоран Живковиќ.

Премиерот Вучиќ веднаш потоа изјави дека на неговиот брат му е украден идентитетот, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нагласи дека полицијата „непобитно утврдила“ дека постоело фалсификување на личната карта на Андреј Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.