Над 150 демонстранти се уапсени, а околу 20 се повредени при протести во 30 турски градови

Вчера вечерта, турската полиција уапси над 150 демонстранти за време на протестите кои избувнаа во околу 30 градови на Турција, пренесоа „АФП“.

За време на судирите биле повредени 20 демонстранти. Двајца од нив добиле тешки повреди, откако биле погодени од полициски автомобили во градовите Мерсин и во Истанбул.

Во Истанбул е повреден и еден полицаец.

Илјадници турски граѓани се собраа спонтано во вторникот вечерта во голем број големи градови во Турција по смртта на Беркин Елван . Петнаесет годишното момче почина по 269 дена поминати во кома. Момчето беше рането во јуни од граната, истрелана од полицијата за време на антивладините протести.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.