Македонија

Над 150 луѓе на дебата во кампот на Чуварите на демократијата

Над 150 луѓе на дебата во кампот на Чуварите на демократијата

Поројниот дожд не ги спречи граѓаните кои кампуваат пред Собранието на Република Македонија да дебатираат за актуелни теми.

Новинарот Миленко Неделковски попладнево дојде во кампот на Чуварите на демократијата и зборуваше пред околу 150 граѓани.

И додека во кампот на Чуварите на демократијата на дождот се дебатираше за актуелните теми, во исто време во кампот пред Владата намален бројот на луѓе.

Масовноста намалена во кампот пред Владата, присутни мал број на граѓани во овој камп. За разлика од таму, во кампот на Чуварите на демократијата и покрај дождот се одржа едночасовна дискусија.