Македонија

Стотина сириски илегалци фатени во воз во Велес

Стотина сириски илегалци фатени во воз во Велес

Повеќе од 150 сириски мигранти се пронајдени вчеравечер во товарен воз на Македонски Железници на железничката станица во Велес.

Тие биле сокрание во вагоните, со кои се превозувал јаглен за компанијата Фени во Кавадарци. По нивното откривање прво биле сместени во чекалната од железничката станица во Велес, а доцна синоќа префрлени во полициската станица каде се извршени разговори.

Нивната облека била црна од јагленот и вагоните каде се криеле. Имало и три жени, но и деца на возраст од 15-16 години. Меѓу нив имало и студенти.