Над 160.000 Кинези фиктивно вработени добиле откази

Над 160.000 лица во Кина се отпуштени од работните места што формално ги држеле, како дел од кампањата за борба против корупцијата во земјата, објави денеска весникот „Женмин жибао“.

Откази им биле дадени на фиктивно вработени во централната Влада, администрацијата на провинциите, државните претпријатија, финансиските и образовни институции во земјата, посочува весникот, повикувајќи се на извештај на централната Влада.

Во документот се забележува дека откривањето на нови случаи на фиктивни должности ќе биде санкционирано не само со откази, туку и со намалување на буџетот на институциите што го прекршуваат законот.

Во кинеските државни институции во периодот на наменските економски реформи, често пати, се создавале нови оддели и министерства. На тој начин, редица високи раководители почнале да вработуваат свои роднини, кои не се појавувале на работните места, но добивале плата и користеле службени автомобили.

Според податоците на весникот, од почетокот на кампањата во земјата службените автомобили, користени од чиновниците, се намалени за 120.000.

Антикорупциската кампања се зголеми веднаш по доаѓањето на власт на петата генерација кинески државни раководители, на чело со Кси Џинпинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.