Во земјава има над 170 илјади земјоделски стопанства

Вкупниот број на земјоделски стопанства во земјава е 170.885, а просечно едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици, покажува структурното истражување за земјоделските стопанства на Државниот завод за статистика, спроведено во период од први до 20-ти јуни минатата година.

Вкупно користеното земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 315.863 хектари, а
од вкупниот број на стопанства, 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште.

Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 отсто од вкупниот број на
стопанства одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.

Во земјава просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински трактори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.