Над 180 илјади мигранти преку Медитеранот пристигнале во Европа од почетокот на 2016

Над 180 илјади мигранти дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокто на оваа година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (МОМ).

Вкупно 181.476 мигранти и бегалци пристигнале од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа, наведува таа организација.

Најголем дел од нив, 154.491 луѓе дошле во Грција. На второ место со 25.894 мигранти е Италија, а по неа следуваат Шпанија (1.064) и Кипар (28).

Над 1.200 луѓе загинале или се водат како исчезнати по обид да стигнат во Европа преку Медитеранот од почетокот на годината. МОМ  нагласуваат дека само 223 мигранти и бегалци пристигнале на грчки острови од 22 до 24 април, период по стапувањето на сила на договорот меѓу ЕУ и Турција.