Над 19.500 лица посетени во рамки на проектот Домашна визита

Во рамки на петтиот циклус од проектот Домашна визита, што Министерството за здравство го спроведуваше во изминатите речиси четири месеци, посетени се вкупно 19.555 лица низ целата држава.

Само тимовите од патронажната служба во рамки на Здравствен дом Скопје, во текот на петтиот циклус Домашна визита посетиле вкупно 5.119 лица, соопшти Министерството за здравство.

Петтиот циклус на проектот опфати категорија на повозрасни лица, и тоа мажи над 75 години и жени над 80-годишна возраст.

Со проектот, како што се наведува, се овозможуваат превентивни прегледи за лица на кои посетата на најблиските амбуланти им е отежната поради природата на болеста, така што патронажните тимови од здравствените домови низ државата, ги посетуваат тие лица во нивните домови, по претходна телефонска најава.

Во текот на посетата, медицинските тимови вршат мерење на нивото на крвен притисок, нивото на гликемија, холестерол, а воедно споделуваат совети за здрава исхрана и здрави стилови на живот, практикување физичка активност, како и редовни здравствени контроли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.