Над 2,5 милиони евра субвенции за земјоделците од охридско-струшкиот регион

Повеќе од 2,5 милиони евра за субвенции годинава ќе им бидат исплатени на земјоделците од охридско-струшкиот регион, објави вчера премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На народниот собир пред охриѓани, Груевски истакна дека земјоделците од овој регион изминатите години добиле над 15 милиони евра субвенции.

– Продолжуваме понатаму, со други планови и идеи кои ги развиваме за тоа како да му се помогне на Охрид и на целиот регион, рече Груевски во Охрид.