Македонија

Над 2.500 Македонци имаат австралиски пензии

Над 2.500 Македонци имаат австралиски пензии
ДИК го поништи ветото, поддршка од Сојузот на пензионери

Вкупно 2.549 граѓани на Македонија се корисници на австралиска пензија. Од нив, 2.306 земаат старосна пензија, а 243 примаат инвалидска и други пензии, пренесува МИА.

Примањето вакви пензии е овозможено со договорот за социјално осигурување што беше потпишан меѓу владите на Австралија и Македонија за време на посетата на македонскиот премиер Никола Груевски на Австралија во октомври 2009 година. 

Според почесниот конзул на Македонија Зоран Ќосески, оваа бројка се зголемува секоја година.

Тој денеска разговараше со претставници на австралиското Министерство за социјални  прашања и Министерството за имиграција кои го информираа за тоа колку македонски граѓани се корисници на австралиска пензија, пишува МИА.

На средбата е истакнато и дека во изминатите шест месеци 4.897 австралиски државјани ја посетиле Македонија како туристи, а во Австралија имало 205 македонски државјани со студентски визи и 56 со работни визи. Од Македонија се добиени 1.717 апликации за туристички визи за Австралија од кои 1.502 се одобрени со просечен туристички претстој од три месеци.

Конзулот Ќосески оценил дека ова е доказ оти билатералните односи помеѓу Македонија и Австралија одат во нагорна линија.