Над 2 милиони пликоа за „Фисклана во рака – награда без мака“

Над два милиони пликоа ќе учестуваат во извлекувањето на наградната игра „Фисклана во рака – награда без мака“ што ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни 2014 година.

„Овојпат повторно имаме стан во Аеродром од над 50 квадрати, исто така дуќан во Аеродром, автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра. Само за овој месец се пристигнати над 300 илјади плика, а бидејќи во извлекувањето ќе учестуваат сите претходно неизвлечени пликови од февруари до јуни практично над два милиони плика ќе бидат во игра за добивање на овие вредни награди на играта“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговорајќи на новинарско прашање по присуство на потпишување Договор за финансирање на втората фаза од Проектот за изградба на нова зграда за ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел.

Изрази верување дека граѓаните ќе ги искористат преостантите четири- пет дена  за да соберат 20 фискални сметки, да ги стават во плико и да ги испратат на адреса на Државната лотарија и да создадат можност да учествуваат во наградната игра  да добијат вредни награди.

Ова е седмо извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Досега од наградната игра, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15 ноември 2013-та.

Во пресрет на седмото извлекување, Државна лотарија на Македонија од организира карван во рамки на кој се поставени пунктови со наменски кутии на повеќе локации во повеќе населени места.

Карванот тргна од Куманово, а ќе заврши во Струга и Охрид на 29 јуни 2014 година.