Над 20.000 лица се спасени од поплавите во Луизијана

Над 20.000 лица се спасени од поплавите во јужниот регион на Луизијана, а над 10.000 се сместени во привремени центри, изјави гувернерот Џон Едвардс.

Конгресниот центар „Батон Руж ривер“, исто така, е опремен за сместување на евакуираните луѓе.

Федералната Влада прогласи вонредна состојба во неколку региони на државата и вети помош за надминување на штетите.

Американскиот претседател Барак Обама, по повод поплавите, преку телефон му се обратил на Едвардс и му кажал дека, е загрижен за луѓето во јужна Луизијана и дека се моли за нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.