Балкан

Над 20 лица загинаа во експлозии во Анкара

Над 20 лица загинаа во експлозии во Анкара

Најмалку дваесет лица го загубија животот во двете експлозии кои утрово ја потресоа турската престолнина Анкара.

 

Во експлозиите, кои избувнаа под железничкиот мост повредени се десетици лица.

Анадолија јавува дека причина за овие експлозии е бомбаш-самоубиец, но без да го соопшти изворот на таа информација, пренесува МИА.

Во експлозиите предизвикана е и голема материјална штета.

Експлозиите се случија непосредно пред планираниот мировен марш *И покрај војната, веднаш сакаме мир. Мир, труд, демократија“, во знак на протест против конфликтот меѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.