Над 20 повредени лица блокирани во куќа во Џизре

Над 20 повредени лица блокирани во куќа во Џизре
Над 20 повредени лица блокирани во куќа во Џизре

Повеќе од 20 повредени лица се блокирани во куќа во градот Џизре, југоисточна Турција, каде од декември има судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници, јави германската новинска агенција ДПА.

Шестмина од блокираните во куќата, која се наоѓа во курдска населба, починале.

– Луѓето се блокирани во куќата од саботата – изјави пратеникот на прокурската Демократска партија на народите Фајсал Сарилдз.

Тој наведе дека вчера имало обид повредените да се евакуираат со возила на брзата помош, но армијата не дозволила.

Турското Министерство за здравство соопшти дека возилата на брзата помош не можеле да стигнат до куќата поради нападите на Курдската работничка партија (ПКК).