Над 20 уапсени при протести во Бостон и Њујорк

Полицијата во американскиот град Бостон минатата ноќ уапси најмалку 23 лица, кои учествуваа во протестите поради неколкуте случаи на убиства на невооружени Афроамериканци од страна на полицајци-белци.

Протести се одржа во повеќе американски градови, кои во најголем дел минаа мирно, со исклучок на Босотн, каде околу 20 лица е обиделе да блокираат една од главните градски сообраќајници.

На протестот во Бостон учествуваа околу 2.000 лица кои се собраа пред зградата на Конгресот на сојузната држава Масачусетс, по што одржаа протестна прошетка по улиците низ центарот на градот, скандирајќи „Нема правда, нема мир“ и носеќи транспаренти „И животот на црнците е важен“.

Дваесетина учесници на протестот легнаа на земја на една од главните улици во градот, симулирајќи дека се убиени жртви на полициското насилство, по што интервенираше полицијата и ги уапси поради блокирање на  сообраќајот.

Неколку лица биле уапсени и во Њујорк, исто така, поради обид за блокирање на улица за време на протестот против полициското насилство.