Над 20 ученици починаа при потонување на брод во Замбија

Повеќе од 20 лица, меѓу кои најголем ден ученици најверојатно починале во Замбија, кога брод во кој се наоѓале, потонал во текот на прославата на „златната“ годишнина од независноста на земјата.

Бродот, на кој се наоѓале тројца наставници и 21 ученик, потонал во езерото Кариба, на југот од земјата.

Наставниците и децата од Основното училиште „Хенга“ од Гвембе, патувале до друго училиште на националната прослава по повод 50-годишнината од прогласувањето на независноста на Замбија од Велика Британија.