Над 200 деца војници ослободени во Јужен Судан

Вооружените групи во Јужен Судан ослободиле повеќе од 200 деца војници во согласност со договорот за ослободувње на речиси илјада деца во текот на следните неколку месеци, соопшти во средата УНИЦЕФ.

Децата се разоружани на посебна церемонија во едно село во сојузната држава Западна Екваторија во вторникот, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ. Тие ќе добијат психолошка помош и стручно оспособување во рамките на програмата за реинтеграција во цивилниот живот.

„Ниедно дете никогаш не треба да земе оружје и да се бори“, изјави Махимбо М’дое, претставник на организацијата на ОН за заштита на децата во Јужен Судан.

Децата војници ги разоружија двете вооружени групации, Националното ослободително движење на Јужен Судан и Суданската народноослободителна војска која е групација на опозицијата.

Ова е второ ваквко ослободување, откако повеќе од 311 деца, од кои 87 девојченца, беа пуштени од вооружените формации во февруари годинава. Според податоците на УНИЦЕФ, во Јужен Судан има уште околу 19.000 деца војници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.