четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Над 200 француски џихадисти убиени во Сирија и Ирак

Над 200 француските џихадисти убиени во Сирија и Ирак, no бројката, потврдено од страна на полициски извор, треба да се земе со резерва, бидејќи се работи за „лица за кои антитерористичките служби знаат дека се мртви" велат овие извори.

132775410

Поврзани вести

Вистинскиот број на смртни случаи на француски џихадисти во зоната на Сирија и Ирак може да биде поголема. При сослушувањето пред Комисијата за одбрана на националното собрание во мај годинава, шефот на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ), Патрик Калвар, објасни дека е „многу тешко да се добие прецизна информација, поради бомбардирањето“.

Според најновите податоци, објавени во француските медиуми, околу 700 француски џихадисти или резиденти во Франција се наоѓаат во Сирија или Ирак. Во оваа бројка се вклучени „275 жени и десетици деца”, рече премиерот Мануел Валс на 11 септември.

Франција, која се соочува од јануари 2015 година со нов бран на напади, е една од земјите која дава најголем број странски џихадисти во конфликтите во Сирија и Ирак.

Во есента 2015 година, министерот за внатрешни работи Бернар Казнев процени дека имало 5.000 Европејци од Франција, Германија, Белгија, Велика Британија, Шведска и Шпанија „меѓу 20.000 странци присутни“ во оваа област.

Најчитани вести