Над 200 илјади коверти пристигнале за „Фискална во рака – награда без мака“

„Над 200 илјади коверти пристигнале за „Фискална во рака – награда без мака““.Ова го потенцираше вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески, кој додаде дека за време на првото извлекување ќе се доделуваат стан од 52 метри квадратни во Скопје, дуќан од 30 метри квадратни и автомобил Пежо 208, како и многубројни ваучери со награди за видео, аудио опрема и слично.

Тој истакна и дека има огромен интерес и кај најмладитеи кај возрасните и кај пензионерите.

„Има голем интерес и тоа е добро, така треба да биде, секој треба да си бара фискална сметка и да добие фискална сметка. Право на секој човек што купува и троши е да ги добива фискалните сметки. И на тој начин очекуваме да има ефекти поволни и за граѓаните, бидејќи ќе добијат вредни награди, а и за општото ниво на фискална одговорност да се подигне, бидејќи со тие прибрани пари ќе се градат дополнителни патишта, болници, училишта и сето она што се финансира од Буџетот,“ вели Ставрески.

Крајниот рок за поднесување на пликата за првото извелкување е 29 декември на полноќ, до тогаш, како што посочи министерот Ставрески, мора да бидат испратени пликата за да влезат во првото извлекување.

Ставрески апелираше, тие што ќе задоцнат или што после тоа ќе собираат плика да не се обесхрабруваат, бидејќи ќе има второ коло, каде што исто така ќе има автомобил и други вредни награди, додавајќи дека наградната игра ќе трае и во текот на 2014 година.