Над 200 мигранти исчезнаа при нов бродолом во Медитеранот

Италијанската крајбрежна стража, чии припадници се упатиле да им помогнат на настрадите, соопшти дека по првертувањето на бродот во водите на Средоземеното Море завршиле околу 350 мигранти.

Според истиот извор, спасувачките екипи досега пронашле околу 130 преживеани бродоломци. Потрагата по остантите мигранти од превртениот брод продолжува.

Ова е трета несреќа на брод со мигранти во Медитеранот во последниве три дена.

Вчера, брод кој превезувал мигранти потона во Сицилискиот Теснец, при што, според Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како исчезнати беа прогласени стотина лица.

Претходно, бродолом доживеа и пловило со мигранти во близина на либискиот брег, при што загинаа меѓу 20 и 30 лица.

Италијански и шпански воени бродови, кои учествуваат во европската операција „Софија“ за борба против криумчарите на мигранти во Средоземно Море, успеаја да спасат над 80 луѓе од потонатиот брод.