Над 200 нови свлечишта на територијата на Бугарија

Над 200 нови свлечишта се активираа изминативе неколку дена на територија на соседна Бугарија.

Загрозени се подрачја на кои живеат над 500 илјади лицам соопшти денеска

бугарската министерка за регионален развој и урбанизам, Лилјана Павлова.

Според неа, како што јави БТА, вкупниот број на активни свлечишта во Бугарија во моментов изнесува околу 1.850.

Павлова нагласи дека надлжените служби на Министерството ја следат состојбата со свлечиштата, додавајќи дека за нивно санирање ќе бидат одделени средства и од Меѓуресорната комисија за елементарни непогоди и несреќи, која располага со буџет од 70 милион лева (35 милиони евра).

Според Павлова, само за санација на патиштата оштететни или уништени од лизгањата на земјиштето ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.