Голема полициска акција за уништување насади со марихуана во Албанија

Голема акција спроведува полицијата во подрачјето на северниот албански град Скадар со цел уништување насади со марихуана.

Во акцијата вклучени се над 200 полицајци и припадници на специјалата полициска единица за брзи интервенции.

– За дваесет и четири часа само во подрачјето на Пулт и Коман-Темал откриени се  99 парцели засадени со марихуана. Во акцијата уништени се над 20 илјади садници. Запленето е оружје и уапсени се три лица. Акцијата продолжува, стои во полициското соопштение.

Полициската статистика само во текот на ова лето уништени се над 1,2 милиони садници марихуана,речиси низ целата теритoрија на Албанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.