Над 200 уапсени и четворица повредени во немири во Варшава

Над 200 лица биле уапсени, а најмалку четворица биле повредени во судир меѓу полицијата и демонстранти за време на протести организирани од националистички организации под името „Марш на независноста“ вчера во Варшава, јавуваат полските медиуми, пренесува Нетпрес.

Повод за протестите бил националниот ден на Полска – Денот на независноста.

Маскирани и агресивно настроени групи млади луѓе фрлале камења, и димни бомби кон полициските кордони. На ова полицајците одговориле со топови со вода обоена во црвено и пукале во воздух со гумени куршуми.

Портпаролот на полската полиција Мариуш Соколовски изјавил дека биле приведени 200 хулигани, но оти апсењата продолжуваат. Тој дополнил дека во немирите биле повредени четири лица, од кои двајца цивили и двајца полицајци.

Првичните проценки на полицијата се дека во националистичките протести учествувале неколку десетици илјади лица. Но, поради немирите на неколку точки од маршутатат на демонстрантите, нивното движење било блокирано на одредено време. Полицискиот портпарол информирал дека силите на редот успеале да изолираат „дел од хулиганите, кои излегле од колоната и почнале да прават нарушувања на јавниот ред и мир“.

polska1

Лани, „Маршот на независноста“ мина крај комплексот на руската амбасада во Варшава. Тогаш агресивни демонстранти ја каменувааа амбасадата, ги запалиле стражарските куќу на полицајците кои го обезбедувале објектот и се обидоа да ја скршат влезната врата. Годинава, пак, рутата на маршот не минува кај руската амбасада, која сепак за секој случај била превентинвно обезбедена со фортификациски бариери.

„Маршот на независноста“, кој традиционално секоја година се одржува во Варшава, веќе четврта година о ред е проследен од големи насилства и немири.

Инаку, на 11 ноември 1918 година, денот на римирјето меѓу Сојузниците и Германија, кој се смета за неофицијален крај на Првата светска војна, Полска добива независност. Претходните 123 години таа била поделена меѓу Австрија, Русија и Прусија.